-->
-->
Николоски: ЕУ нека биде наша заедничка цел, а не тема за поделби
-->
По однос на јавните реакции за неговото именување за амбасадор и шеф на мисијата на Република Македонија во Европската Унија, поранешниот пратеник Александар Николоски денеска се јави со реакција. Истата, според него, е со цел да укаже дека „одговорите на сите прашања лежат во Уставот на Република Македонија и Законот за надворешни работи".
- Почитувањето на истите нема алтернатива. Исто така, врвен приоритет за Македонија е да се подобри нејзиниот углед во ЕУ што би го олеснило интегративниот процес, а тој углед во Брисел можеме да го подобриме само со широк политички и општествен консензус, а не со политикантски препукувања. Како амбасадор на Република Македонија во ЕУ, ќе ги претставувам сите наши граѓани, сите државни институции и фактори и заради тоа не се кандидирав за претеник на последните избори, и се повлеков од сите функции во ПС на Совет на Европа, како и од сите партиски функции. Сметам дека за оваа битна дипломатска тема не е потребно медиумско надмудрување, туку координација и усогласување помеѓу претседателот на Република Македонија, премиерот, министерот за надворешни работи и мене како амбасадор.Така ќе ја поштедиме јавноста од јавни препукувања, а достојно ќе се усогласиме за интересите и угледот на Македонија во Брисел. Јас сум подготвен за тоа и во таа насока ќе се воздржам од секакви други јавни изјави во следиот период. Македонија во ЕУ нека биде нашата заедничка цел, порача Николоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Комората на северозападна Македонија не гледа трикови со цените - Апелираат трговците да го почитуваат договореното
-
СДСМ: Антикорупциска да ја повлече одлуката за именувањето на Христовски за директор на АНБ
-
6 милиони евра дополнителни средства Агенцијата за вработување за 2025 година
-
Потребно е проширување на понудата
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката