Македонија
26. December 2024 - 12:25

6 милиони евра дополнителни средства Агенцијата за вработување за 2025 година

Со 6 милиони евра дополнителни средства во касата на Агенцијата за вработување за 2025 година, ќе се поддржат малите и средни претпријатија да вработуваат млад кадар. Во изминатиот 3 годишен период преку мерката за креирање на слободни работни места преку зелени инвестиции вработени се 377 лица, но се поттикна и зелената трансформација на претпријатијата.

- Оваа мерка преставува финансиска поддршка на правните субјекти, за секое отворање на ново слободно работно место, преку финансиска помош во вид на набавка на опрема, со која се подобрува животната средина, намалување на потрошувачката на енергија, како и на материјали за енергетска ефикасност, изјави Весна Пешова, заменик директот на Агенција за вработување.

За секое ново работно место во моментот се издвојуваат по 250 000 денари. Мерката досега ја искорситиле 228 мали и средни претпријатија од повеќе сектори, во кој спаѓа и здравството, како што е примерот со штипската приватна здравствена установа.

- Наша цел беше да ги задржиме младитеод здравствениот сектор, медицински сестри и доктори, бидејќи тие на тој начин ви останале во нашата држава, што нормално е во интерес на сите. Ги зголемивме и нашите енергетски капацитети и ја зголемивме нашата финансиска конструкција, изјави д-р Цветанка Самрџиска, ПЗУ „Д-р Самардџиски“-Штип

Независно од проектот, анализите покажуваат дека голем број компании влегуваат во процесот на зелена трансформација со сопствени средства