Незапаметен случај во Русија: 13- годишно девојче забременило од 10- годишно момче, полицијата покрена истрага
Девојче од Русија старо само 13 години затруднело од 10- годишно момче со кое се пријатели од мали нозе.
Случајот е регистриран во една покраина во Сибир, а светските медиуми пренесуваат дека девојчето планирало да го задржи бебето, а родителите ја подржуваат во тоа.
Полицијата покрена и истрага, а за целиот случај е известен и лекар кој ќе ја понуди сета потребна помош.
За момчето за кое се наведува дека е татко, не се знае многу, но локалниот педијатар изјавил дека се сомнева дека 10- годишното момче е татко на тоа дете.
„Теоретски тоа е невозможно, не знам ништо за овој случај, но мислем дека некој друг е татко на тоа дете. Иако може да се провери едноставно со тест и верувам дека ќе се нправи таков тест“ рекол тој.
Во Британија беше регистриран сличен случај, но по извршен ДНК тест се покажа дека 12- годишното момче не е татко на бебето како што се тврдеше.
Ново на Сител
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата
-
Бизнис форум Македонија - Италија
-
Лимани: Демографијата е клучен приоритет на владата
-
Со вештачки мрест до подобрување на состојбата со рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Планот за раст е алатка каде реформата значи награда, порача министерот Муцунски
-
Teма на денот со Орхан Муртезани, министер за европски прашања