Нетанјаху: Подигнуваме ограда околу Израел за да се заштитиме од диви ѕверови

Израелскиот премиер Бенјаин Нетанјаху изрази денеска желба да ја огради својата држава со цел заштита од „диви ѕверови“.
– На крајот во државата Израел како што гледам, ќе има ограда која целосно ја обиколува....Во подрачјето во кое живееме мора да се браниме од диви ѕверови, изјави Нетанјаху кој беше во посета на источните граници на Израел.
Тој рече дека Владата подготвува повеќегодишен план да биде опколен цел Израел со безбедносни бариери како и план да се затворат местата на кои нема сепарациски бариери меѓу Израел и Западниот брег.
– Тоа ќе чини многу милијарди и ние работиме на повеќегодишен план и изградбата ќе трае повеќе години, но ќе се заврши за да се брани државата Израел, нагласи Нетанјаху.
Израел технички се уште е во војна со северниот сосед Сирија, а со либански Хезболах војуваше повеќе од еден месец во 2006 година. Со Палестинците е во повеќедецениски судир, а мир потпиша само со Египет и Јордан.
Ново на Сител
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
