Нетанијаху: Со Трамп ќе разговараме за „лошиот“ договор со Иран
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху изјави дека откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе влезе во Белата куќа, сака со него да разговара за „лошиот“ договор меѓу Западот и Иран за иранската нуклеарна програма.
Нетанијаху зборуваше од Ерусалим преку видео линк на една конференција во Вашингтон, при што рече дека Израел е решен да го спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје.
- Таквата наша позиција не е променета и нема да се промени, порача израелскиот премиер.
Тој остро го осуди договорот на шесте светски сили (Велика Британија, Германија, Кина, Русија, САД и Франција) со властите во Техеран, што официјален Вашингтон го смета за крупно постигнување на надворешната политика на претседателот на заминување Барак Обама.
За време на својата предизборна кампања, Трамп го осудуваше „нуклеарниот договор“ со Иран, нарекувајќи го „катастрофален“ и како „најлош што кога било досега бил договорен“.
Нетанијаху минатата година предизвика силно заладување на односите со САД, откако одлучи без договор со администрацијата на Обама да допатува во Вашингтон и да зборува за „лошиот“ договор со Техеран во американскиот Конгрес на покана од Републиканската партија.
Демократите го бојкотираа настапот на израелскиот премиер, а никој од Админстрацијата на САД не се сретна со него.
Последниве месеци, Нетанијаху значително го намали тонот на критиките за договорот, а посебно критиките кон Вашингтон, затоа што во тек се прегворите за финализирање на десетгодишниот американско-израелски договор за воена помош за Израел во вредност од 38 милијарди долари.
Нетанијаху во излагањето на вашингтонската конференција зборуваше за тоа дека Иран нема да го испочитува договорот за откажување од производството и за намалување на количеството на збогатен ураниум од 10.000 на само 300 килограми.
Тој тврди дека властите во Техеран, по заобиколен пат ќе се снабдат со овој неопходен елемент за производство на атомска бомба.
Ново на Сител
-
Напад на божиќен пазар во Магдебург: Еден загинат и десетици повредени
-
Руски брод испрати аларми за помош во Керченскиот теснец поради недостиг на храна
-
Облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството