Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте

Рускиот претседател Владимир Путин секако не може да биде задоволен од она што го постигна со неговите постапки, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на прес-конференцијата по завршувањето на заседанието на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави или влади во рамки на Самитот на Алијансата во Хаг.
– Тој сакаше да го подели Западот, а сега Финска и Шведска се приклучија кон НАТО. Тој сакаше да му пркоси на Западот, а сега се обврзавме на цел за трошоци (за одбраната) од пет отсто. Затоа не може да биде многу среќен и не треба да биде, рече Руте во одговор на новинарско прашање за негово мислење за тоа како Путин гледа на резултатите од Самитот во Хаг.
Руте посочи дека не го променил своето мислење за Путин и дека воопшто не му верува, потсетувајќи дека јули 2014 година, кога беше холандски премиер, рускиот претседател го убедувал оти Русија нема никаква врска со соборувањето на малезискиот патнички авион на лет од Амстердам до Куала Лумпур над територијата на Украина.
– А сето тоа беа лаги, сите го знаеме тоа, додаде генералниот секретар на НАТО.
Според Руте, не треба да се биде наивен околу Русија, бидејќи додека ја води целосно неиспровоцираната војна против Украина, но во исто време, според многу воени лидери во Европа, таа ги гради и ги реконституира своите вооружени сили на таква база што би можеле да бидат подготвени за пет или седум години да го нападнат НАТО.
– Знаеме дека постои закана од Русија на краток рок, на долг рок, се едно, затоа клучна потреба е дека мора да се осигураме да можеме да се одбраниме, рече Руте.
На прашања каква закана за НАТО претставуваат Русија и Путин, Руте одговори дека ако сте закана на долг рок, тогаш сте закана и на кус рок.
– Тој (Путин) е закана сега и е закана на долг рок, додаде Руте.
Ново на Сител
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
-

Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар
-

САД и ноќеска извршија напади врз цели во Иран, Техеран соопшти за експлозии во повеќе региони
-

Почна трката за генерален секретар на ОН, шест кандидати дебатираа пред Генералното собрание
-

Арагчи: Опасен преседан најавите на Трамп за користење запленети ирански средства
-

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
