Трамп не се согласува со американските разузнавачи за штетата врз нукеларните капацитети на Иран
Нуклеарната програма на Иран е забавена „децении“ благодарание на америкнаските напади уверува Доналд ТРамп и покрај тоа што проценката на американското разузнавање фрла сомнеж врз нивниот успех. Протечената проценка од Агенцијата за одбранбено разузнавање на Пентагон проценува дека нападите за време на викендот ја вратиле нуклеарната програма на Иран само месец или два “ назад.
Шефот на Белата куќа го отфли разузнавачкиот извшетај објавен од неколку американски медиуми. И Неговиот министер за одбрана фрли сомнеж врз веродостојноста на проценката на Агенцијата за одбранбено разузнавање на Пентагон.Седнат покрај Трамп, шефот на НАТО ја пофали воената интевенција на САД во Иран.
„Одлично е што го уништивте нуклеарниот капацитет на Иран. Ова беше клучно. Го направивте тоа на начин кој е исклучително импресивен, истакна Марко руте, генерален секретар на НАТО..
И Изарелскиот премиер Нетањаху, тврди дека нивните и американските напади ја уништиле нуклеарната програмана Техеран.
- Драги граѓани на Израел, во текот на 12-дневните операции „Рајзинг Лав“, постигнавме историска победа и оваа победа ќе трае со генерации. Отстранивме од себе две непосредни егзистенцијални закани: заканата од уништување со нуклеарни бомби и заканата од уништување со 20.000 балистички ракети. Ако не дејствувавме сега, Државата Израел наскоро ќе се соочи со опасноста од уништување.
Од Иран пак доагаат најави дека ќе ја суспендираат соработката со меѓуанродната агенција за атомска енергија и дека нукеларната програма ке продолжи со побрзо темпо.
И покрај неодамнешните напади врз нуклеарните постројки на Иран, Меѓународната агенција за атомска енергија не ги осуди - дури ни површно. Тоа го поткопа нејзиниот меѓународен кредибилитет (на агенцијата) и поради оваа причина, Организацијата за атомска енергија на Иран ја суспендира соработката со агенцијата сè додека не се гарантира безбедноста на нејзините нуклеарни постројки, а мирнодопската нуклеарна програма на Иран да продолжи со побрзо темпо, порача претседателот на иранскиот парламент.
Израел и Иран, со посредство на САД и Катар , ја заврија војната која траеше 12 дена.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар