Непал заради пандемијата ги запре експредициите на Еверест

И Непал донесе одлука да ги прекине давањата одобренија за качување на Еверест заради пандемијата со коронавирусот, „затворајќи“ го на тој начин за качувањето на највисокиот врв на Земјата.
Одлуката дојде неколку часа откако и Кина го запре пристапот до врвот од своја територија.
-Непал ги запре качувањата од сите планини во земјата и престана да издава туристички визи, изјави за француските медиуми Јогеш Бхатарај, министер за културен туризам и цивилна авијација.
Хималајската земја од одобрувања на екеспедиции на Еверест заработува милиони долари годишно.
-Владата реши привремено да ги прекине сите пролетни експедиции и одобренија за качување. Одлуката може да се преразгледа по анализата на глобалната ситуација во текот на следниот месец, рече Бхатарај.
Минатата пролет Непал имаше рекорден број експедиции до Еверест, вкупно 885 лица, од кои 644 го освојуваа врвот од негова територија, а 241 од северниот Тибет.
Досега Непал има потврден само еден случај на коронавирус.
Ново на Сител
-

Пензиите во април ќе се зголемат за 1.000 денари
-

Епископот Велички Никола е нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија
-

Ненад Савески ја превзема функцијата државен јавен обвинител, вети сериозна борба со криминалот
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

Зошто власта го одбива предлогот насилниците да се следат со електронски алки
-

Законот за заштита од пушење во вторник на владина сединица
-

Од Босилово стартува кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“
-

100 пати подадена рака, хуманост на дело
