Македонија
19. March 2026 - 16:35

Пензиите во април ќе се зголемат за 1.000 денари

Собранието ги изгласа измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со тоа сите пензионери во април ќе добијат зголемување на пензиите од 1.000 денари. Ова е четврто линеарно покачување во период од неполни две години, а збирно изнесува вкупно 7.000 денари.