Македонија
19. March 2026 - 16:34

Епископот Велички Никола е нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија

Епископот Велички Никола назначен за нов Митрополит на Австралиско- новозеландската епархија. Одлуката беше донесена на денешната вонредна седница на Синодот на МОЦ-ОА во полн состав. Промената доаѓа откако Митрополитот Петар поднел барање за разрешување од оваа епархија, а токму по негов предлог беше избран и неговиот наследник. Официјалните причини за повлекувањето на владиката Петар остануваат непознати за јавноста. 

Владиката Петар со оваа епархија управуваше цели 3 децении, период исполнет со длабоки поделби и долгогодишни несогласувања меѓу него и тамошните црковни општини. Очекувањата се дека со изборот на новиот архијереј, Синодот ќе направи клучни чекори кон долго очекуваното обединување на верниците и нормализирање на црковниот живот на петтиот континент. 

Иако се очекуваше, денеска не се расправало за избор на нов Митрополит на Австралиско-сиднејсскта епархија со која до својата смрт раководеше владиката Тимотеј. 

Прашањата за прекројувањето на епархиските граници и финансиска одржливост на пораншените членови на ПОА ќе се најдат на дневен ред на следната седница. За оваа комплексна проблематика ќе се бара решение на 19 мај.