Македонија
20. March 2026 - 12:18

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила

За овој продолжен викенд и за Велигденските празници засилени полициски контроли во Охрид.

Како што велат од полицијата ќе бидат вклучени и мобилните електронски камери кои ќе бидат поставени на сите оние места каде се очекува зголемена фреквенција - и на сообраќајниците кон туристичките локалитети.

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за зголемена безбедност во сообраќајот.

Пред стартот на летната сезона пак се очекува да бидат поставени над 40 сообраќајни камери кои ќе бидат дел од современиот систем за надзор Безбеден град наменет за детекција на прекршоци и зголемување на сообраќајната дисциплина.