Ненад сакал да ги крсти децата: Попот му побарал брдо пари, а кога отишол кај друг следело шок!
Ненад сакал на првиот роденден да ги крсти своите близнаци, но го дечало едно многу непријатно изненадување!
- Пред една година со сопругата добивме близнаци, па одлучивме да ги крстиме на нивниот прв роденден. Отидов кај нашите свештеници за да закажам термин, меѓутоа, на памет ми застана кога ми кажа дека крстењето ќе ме чини скоро 10.000 динари, започнал да се исповеда Ненад Џ. (47) од Батајнице.
Српската Православна Црква наведува дека не постои ценовник за верските услуги. Меѓутоа, него го пречекала малку поразлична ситуација.
- Не знаев дека свештеникот ќе ми побара 10.000 динари за крстење. сакав да оставам добротворен прилог, но ова е стварно многу. Одлучив да се распрашам кај останатите свештени лица колкава е „тарифата“ , па да видам каде е најефтино затоа што навистина сакав да ги крстам своите деца, додава Ненад.
тој од пријател кој неодамна го крстел своето дете слушнал дека свештеникот во Стари пазови не наплатува за крстење.
- Се упатив таму, не се надевав премногу , но немав што да изгубам. Се испостави дека мојот пријател бил во право, свештеникот не сакал да земе пари. Ми покажа икона и ми кажа да оставам пари како добротворен прилог ако сакам и тоа е тоа, раскажува Ненад.
Ненад минатата недела ги крстил своите деца, но, како што вели, за неговиот парохиски свештеник вратите од неговата куќа се затворени.
- Изгледа денес треба да имаш пари за да бидеш верник. Не сакам да ги критикувам сите свештеници затоа што уверив дека има исклучоци, но ова со тарифити ги премина сите мери, заклучува тој.
Ново на Сител
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи