Нема новозаразени со Ковид-19 во Дебар, 28 оздравени, мал бројот на хоспитализирани
Добри вести денеска во Дебар, вклучително и во општина Центар Жупа, со епидемиолошката состојба со Ковид-19. Во последното деноноќие во Дебар е забележан голем број на оздравени лица од Ковид-19, намален е бројот на хоспитализирани лица, а четврти ден по ред нема новозаразени.
Според епидемиологот Ментор Меља, во последните 24 часа битката со опасниот вирус ја победиле 28 лица, што е досега вторпат висок број на оздравени во едно деноноќие по 14 август кога беа регистрирани рекорден број од 60 оздравени.
-Исто така, радува податокот дека четири дена немаме новозаразени, а паралелно на тоа разбирливо се намалува и бројот на активни случаи на болеста. Се намалува и бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување. Од повеќе од 10, сега имаме само шест пациенти од нашето подрачје кои се лекуваат во здравствени установи во Скопје, изјави Меља, кој раководи со Работната едница на Центарот за јавно здравје во Дебар.
Додава дека и понатаму има сомнителни случаи со симптоми на опасниот вирус, редовно се земаат брисеви, а утре се очекува резултат од 15 тестови.
Од почетокот на пандемијата, во двете општни се направени околу 1300 тестови. Вирусот е потврден кај 252 лица, оздравени се 186, починаа 10. Активни на болеста се 56 лица, поголем процент од нив со полесна форма на болеста.
Ново на Сител
-
Пониски температури, дожд, град, грмежи - УХМР со предупредување за претстојниот викенд
-
Тајланд регистрира 50.000 случаи на Ковид19 за една недела, нов вид го поттикнува растот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Британија ќе ја развие инфраструктурата
-
Национален ден на Власите
-
Обвинителството бара притвори за Онкологија
-
Филипче: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци
-
Муцунски: Добредојде за високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Калас
-
Уапсен кавадарчанец кој возел со 3,05 промили алкохол во крвта