ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Британија ќе ја развие инфраструктурата
Потпишан Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство.
Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори.
Стратешко партнерство со Обединетото Кралство е чекор плус, кој ќе ја доведе Македонија на ново ниво на развој.
Потпишувањето на договорот значи унапредување и развој во клучни сектори како инфраструктурни проекти во транспортот, образованието, животната средина, ИТ секторот и здравството.
Веќе се подготвени три проекти за имплементација: изградба на брза железница на Коридорот 10, нови болнички капацитети, и нови образовни установи. Дополнително, се најавуваат и идни проекти во енергетиката и екологијата.
Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла.
Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата којашто е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.
Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.
Со оваа финансиската поддршка, Македонија ќе има корист и од британското административно и бизнис искуство, што ќе придонесе за унапредување на домашната јавна администрација и приватен сектор.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Претрес во валандовско, пронајдени бела прашкаста материја и шприц
-
Провалиле кај кавадарчанец и украле 10 литра ракија и пари
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мбапе за Модриќ: Видов одблизу што значи величина
-
Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал
-
Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив
-
Николоски: Врвни британски фирми и експерти ќе дадат поддршка за реализација на проектите во Македонија
-
Реал Мадрид официјално објави дека Анчелоти заминува на крајот од сезоната