Фудбал
5. July 2018 - 10:06

Нејмар лежел вкупно 14 минути

Oд се по нешто покажа ѕвездата на Бразил, Нејмар на СП во Русија.
Прво нова фризура, потоа постигна и два гола, неколку убави потези, но за сега најмногу внимание привлече со превиткувањето и лежењето на терен.
Швајцарската РТС Спорт пресметала дека Нејмар лежел вкупно 14 минути а најмногу дури 5,5 по прекршокот од Мексиканецот Лајун.
Инаку Нејмар е најфаулираниот играч досега на Мундијалот и над него се направени вкупно 23 фаули.