-->
-->
Неготинец криумчарел 320 литри алкохол
-->
На наплатната станица Градско, вчера во 15.20 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го привеле К.Ц.(23) од неготинското село Тимјаник.
При преглед во патничкото возило „мерцедес“, кое го управувал, информираа денеска од МВР, била пронајдена и одземена акцизна стока, односно 17 туби со вкупно 320 литри алкохолен пијалак без никакви документи. Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот била известена Царинската управа.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори