Нефи Усеини и неговиот брат остануваат во притвор - укинато решението со кое беше прифатена гаранцијата
Битолската апелација го поништи решението на Охридскиот суд за прифаќање на гаранцијата од 30.000 евра на Нефи Усеини и неговиот брат, со што тие остануваат во притвор.
Укинато е решението со кое беше прифатена гаранцијата, а предметот е вратен на одлучување во Охрид, информираат од битолскиот Апелациски суд каде обвинителството се жалеше откако судот во Охрид ја прифати гаранцијата.
Притворот од осум дена на браќата Усеини истекува утре. Тие шест дена беа недостапни за полицијата, за на 26 август самите да се пријават.
Против браќата се води истрага за насилство и за недозволено држење оружје откако охриѓанецот Спирко Топалоски пријави дека го нападнале, а во нападот полицијата утврди дека користеле и пиштол. Топалоски потоа го смени исказот и рече дека не бил нападнат од браќата Усеини.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима