Македонија
10. August 2021 - 17:10

Неексплодирана граната од Втората светска војна пронајдена во Отешево

Вчера во 12.05 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во Туристичката населба „Отешево“ била пронајдена неексплодирана граната 47 мм од Втората светска војна, информираа од МВР.

Гранатата била подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.