Loading Video...
Македонија
30. јуни 2025 - 17:48

Данска од утре претседава со ЕУ - што може да очекува Македонија?

Од утре Данска го презема кормилото во Европската Унија. Оваа балтичка држава по 8 пат ќе претседава со најважнотот тело – Советот на Европската унија.

Прироритите за наредните шест месеци веќе се објавени од данските државници: безбедна, конкуретна и зелена Европа имајќи ги предвид случувањата со Украина, предизвиците во енергетиката, но и ослабената геополитичка позиција на Унијата во однос на САД за најзнчајаните светски проблеми - Блискиот исток и Кина.

„ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и зголемени нивоа на конфликти. Затоа ЕУ мора да може да дејствува самостојно. Силата на ЕУ лежи во европското единство, цврстата економска основа, стабилните демократии и социјално избалансираните општества, меѓу другото“, се вели во официјалното соопштение на данското претседателство на ЕУ кое ќе се одвива под мотото “Силна Европа во светот што се менува“

Но, што ова ќе значи за Македонија? Дали проширувањето е дел од важните политики на Данска и ЕУ? Во официјалните документи од данското претседателство проширувањето е на врвот на агендата како единствен начин за постигнување на стабилност на европско тло.

„Затоа, данското претседателство амбициозно ќе работи на промовирање на проширување на Унијата врз основа на заслуги и подготовка на ЕУ за проширување преку внатрешни реформи. Според тоа, данското претседателство ќе ги унапреди преговорите за проширување со Украина, Молдавија и Западен Балкан. Проширувањето е тесно поврзано со напорите за почитување на основните вредности на ЕУ за демократија и владеење на правото“, се наведува во соопштението.

Но, ваквите формиалции за домашните екперти не ветуваат многу. Велат дека се работи за општи формулации.

Спорд познавачите, токму унгарскотот претседателство можеби ќе биде последно претсдателство каде фокусот на проширување на Унијата е ставен на западен Балкан, а не на Украина.

Блатичките и скандинавски држави важат за држави за кои Блаканот е подалечна тема. Како силни поддржувачи на проширувањето на регионот остануваат Австрија, Унгарија, Словачка, Словенија, Хрватска и евентулано Чешка по тамошните избори на есен.