Свет
30. јуни 2025 - 15:00

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината

Земјотрес од 4,6 степени го погоди денеска Неапол и околината, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Епицентарот бил во вулканско сеизмичкиот активен регион Флегрејски полиња, објави весникот „Италија Оџи“.

Земјотресот е регистриран во 12:47 часот по локално време на длабочина од пет километри.