Недела на шпански филм во Кинотека

Од 15 до 21 октомври во Кинотеката на Македонија ќе се одржи филмски циклус посветен на современиот шпански филм.
Ќе бидат прикажани седум филмови снимени во последните 20 години, со различен жанровски приод, а на кои заедничко им е тоа што се оценети со врвни оценки од домашната (шпанска) и странска јавност.
Циклусот започнува на 15 октомври, четврток со проекција на филмот „Метод“ во режија на Марсело Пињеиро. Во петок ќе биде прикажан „Кучето на градинарот“ на режисерот Пилар Миро, во сабота „По еден пишол за секоја рака“ во режија на Секс Гај, додека во недела филмот „Теза“ на Алехандро Аменабар. Во понеделник на 19 октомври љубителите на филмот ќе можат да го проследат „Дедото“ на Хосе Луис Гарси, во вторник ќе биде прикажан „Додека спиеш“ на Хауме Балагеро, а филмскиот цилус завршува со филмот „Ќелија“ на Даниел Монзон.
Со Неделата на шпанскиот филм 2015 во Кинотека на Македонија започнува сезоната на филмски циклуси по летниот период.
Ново на Сител
-

Јаневска: Проблемот со петките во Македонија е сериозен
-

Традиционалната книга не изумира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
-

Тема на денот со Протојереј-ставрофор Зоран И. Стојанов, декан на деканатот Св. Кирил и Методиј(Католичка Црква)
-

Поплави во општина Чешиново-Облешево
-

Филипче ќе го разреши и Илиевски од потпретседател на СДСМ, Спасовски останува координатор
-

СДСМ: Власта направи хаос во ПИОМ
-

Пензионерите во понеделник пред Уставен суд
