Македонија
20. July 2017 - 14:48

Не излегувајте надвор без "полна опрема": Лепеза, шешир, шише вода и заштитена кожа - следи пекол

До вторник под влијание на многу топла воздушна маса ќе има секојдневен пораст на дневната  температура, која почнувајќи од викендот во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени. УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.

 За време на викендот не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во сабота во планинските подрачја.

 Промена на времето се очекува од вторник кон крајот на денот.