НД: Заменик шефот на грчката дипломатија бил на 70 патувања во странство за 26 месеци
Преку пратеничко прашање упатено до шефот на грчката дипломатија Алексис Ципрас, пратеникот Костас Кацафадос од опозициската Нова демократија, тврди дека заменикот министер за надворешни работи на Грција, Теренс Куик за време на неговиот 26-месечен мандат дури 70 пати патувал во странство, јави дописничката на МИА од Атина.
Куик е надлежен за прашањата поврзани со грчката дијаспора, а пратеникот од Нова демократија тврди дека дел од патувањата се однесувале на случаи кои можеле да ги решат амбасадор, конзул или вработен во Министерството, па дури и телефонски, а не да бидат на товар на државата.
– Дури 70 патувања за 26 месеци нема сите претходници заедно на господинот Куик за 20 години. Ако се размисли дека секое патување, освен трошоците за заменикот министер, вклучува и трошоци за најмалку едно-две лица кои го придружуваат, трошоци на локалните амбасади или конзулати на Грција и дневен надомест од 140 до 150 евра на ден за заменик министерот, тогаш ја констатираме цената од државниот буџет за шетањето низ светот на господинот Куик. Седумдесет патување во странство во траење од два до три дена се околу 200 денови отсуство од Грција, од вкупно 790 дена мандат, пишува пратеникот во дописот со прашања до грчкото Министерство.
Кацафадос вели дека е провокација за грчкиот народ „еден заменик министер да има остварено толку многу патувања за толку краток временски период“ и бара одговори од шефот на грчката дипломатија на колку службени патувања заминал Куик, кои се деталните трошоци на патувањата и кои се причините и резултатите од нив.
Ново на Сител
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание