Бизнис
22. March 2023 - 16:29

НБРМ повторно ја зголеми референтната каматна стапка, банките најавуваат поскапување на кредитите

Ново, 10то по ред зголемување на референтанта камата. Народната банка продолжи со затегање на монетарната политика, со што ја зголеми стапката за 0,25 проценти поенти. Во моментов, основата по која се формираат каматите на кредитите и депозитите  изнесува 5,5%. Само за споредба, лани во истиот период каматат изнесувале 1,25%.

Со ваквиот потег се очекува   поскапување на кредитите, иако не со она темпо кое го бара Централната банка. Прво ќе се зголемат казнените камати, односно пеналите за граѓаните и фирмите кои доцнат со враќење на долгот, како и кредите со променива камата.

Најчесто поскапуваат кредите кои се поврзани со казнената камата.  Не можеме со сигурност да кажеме дека нивото ќе го достигне максималното ниво кое Централаната банка го поскапува, затоа што ако се следеше тоа ниво, до сега веќе требаше да имаме повисоки камати. Значи кај  кредити кои се со варијабилна камата ќе имаат зголемување ан каматните стапки.  Кај фиксните не очекувааме промена во овој момент.  Исто така новоодобрените кредитите со фиксна камата ќе добијат  повисока стапка, изјави Маја Штериева, претседател на Македонска Банкарска Асоцијација.

Зошто банките не го следат трендот и споро реагираат на зголемувањето на референтната камата, според  Штериева, одговор е дека се преликвидни. Во трка по повеќе клиенти, секој банка прави пресметки и гледа скокот на каматите да не биде голем. Веќе има клиенти кои и сега се жалат на зголемување на каматите

Банките ја контролираат состојата со клиентите и настојуваат  да не го пренесат каматниот товар врз нив, со оглед на зголемената инфлација. Ние и во моментов се соочуваме со клиенти кое се жалат на порастот на каматите. Најчесто реакциите се на кредите со девизна клауза или девизните кредите.  Тоа се тие кои имаат станбени кредите или правните лица, чии камати се формираат врз основа на  ЕУРОБИР и сега тоа зголемување претставува шок за клиентите, додава Штериева.

Минатата недела Евроспакат Централна банка ја зголеми камата за 50 базични поени и ЕУРИБОР  сега изнесуава од 3,5 до 3,75.

Но Лагард најавува натамошен раст за намалување на ифлацијата. Иста политика се очекува и од американски ФЕД  кој, според анализите, ќе ги зголеми каматите за 25 базични поени.