НБА: Ноќ на Вестбрук
Расел Вестбрук ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Во дербито помеѓу Оклахома и ЛА Клиперс, екипи кои се борат за третото место во Западната конференција, Оклахома славеше со 120:108, а Вестбрук забележа ‘трип дабл’.
Расел Вестбрук имаше учинок од 25 поени, 11 скокови и 20 асистенции, а блиску до ‘трипл дабл’ беше и Кевин Дурент (30 поени, 12 скокови, 7 асистенции), во триумфот на Оклахома над Клиперси, со кои овој тим стигна до скор од 44 победи и 20 порази во сезоната.
На Клиперси, кои имаат скор 41-22, не им помогна ниту тимската игра за да го избегнат поразот. Џеф Грин со 23 и Џеј Џеј Редик со 22 поени, предводеа група од шестмина кошаркари кои постигнаа двоцифрен број на поени.
Голден Стејт славеше над Јута 115:94, ја забележа 46-та последовна победа на домашен терен и дополнително го подобри НБА рекордот. Стеф Кари не беше шутерски расположен постигна само 12 поени, но успеа да постигне тројка од половина терен. Клеј Томпсон со 23 поени беше најефикасен во редовите на актуелните шампиони, кои сега имаат скор од 57 победи и шест порази.
Ентони Дејвис реализираше 40 поени, но тоа не му помогна на Њу Орлеанс да го избегне поразот од Шарлот 122:113.
Резултати: Сакраменто-Кливленд 111:120, Голден Стејт-Јута 115:94, Феникс-Њујорк 97:128, Оклахома-ЛА Клиперс 120:108, Милвоки-Мајами 114:108, Далас-Детроит 96:102, Филаделфија-Хјустон 104:118, Бостон-Мемфис 116:96, Шарлот-Њу Орлеанс 122:113.
Ново на Сител
-
Герила акција пред обвинителството
-
Ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче, oд првиот момент планирале убиство
-
Мицкоски: Економијата напредува
-
Меџити: Преговараме со пратеници од Европскиот фронт
-
Австриската министерка за надворешни работи во посета на Македонија
-
Сајбербезбедноста клучна за енергетиката
-
УГД Штип домаќин на студентски конгрес по медицина
-
Преглед на вестите од светот