Кошарка
27. December 2015 - 10:13

НБА лига: Задоволни лица во Филаделфија, втора победа

Кошаркарите на Филаделфија забележаа нова - само втора победа во НБА лигата. Тие ноќеска славеа победа на гостувањето кај Феникс. Решавачко за победата беше добиената прва четвртина која Филаделфија ја доби со 29:15.

 
Екипата на Атланта е првата на Исток со 20 победи, но е на втората позиција зад Кливленд, кој претрпе убедлив пораз кај Портланд.
 
Резултати на 13.те дуели одиграни ноќеска:
Бруклин - Вашингтон 96:111, 
Милвоки - Торонто 90:111, 
Шарлот - Мемфис 98:92, 
Орландо - Мајами 101:108,
Њу Орлеанс - Хјустон 110:108, 
Атланта - Њујорк 117:98, 
Детроит - Бостон 93:99, 
Минесота - Индијана 88:102, 
Далас - Чикаго 118:111, 
Сан Антонио - Денвер 101:86, 
Феникс - Филаделфија 104:111, 
Јута - ЛА Клиперс 104:109,
Портланд - Кливленд 105:76.