-->
-->
НБА: Дурент ново засилување на Г. Стејт
-->
Кевин Дурент еден од најдобрите играчи на денешницата ја напушта Оклахома и се сели во Голден Стејт.
Голден Стејт, екипа која во последните две сезони играше две финалиња во НБА лигата, а последната сезона во регуларниот дел постави нов рекорд од 73 поеди и девет порази, доби големо засилување во надворешната линија, која ја предводи брилијантниот шутерски двоец Кари-Томпсон.
„Овие неколку недели беа вистински предизвик во мојата кариера. Ова е важен дел во мојата кариера, кога морав да донесам некои тешки одлуки. Решив да потпишам за Голден Стејт. Јас сум од Вашнгтон но во Оклахома „пораснав“. Таму многу научив за значањето на семејството, за тоа што значи да бидеш човек. Ме боли сознанието дека многу луѓе ќе бидат разочарани од мојата одлука, но ја верувам дека правам вистинска одлука за мојата кариера“, напишал Дурент во своето соопштение.
Оваа одлука на Дурент во пол позиција ги става Вориорс за освојување на титулата во наредата сезона. Минатата сезона Голден Стејт го загуби големото финале од Кливленд, откако во финалето на Западот ја победи токуму Оклахома со Кевин Дурент.
Дурент заедно со МВП-то на регуларниот дел Стеф Кари и Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин ќе биде дел од веројантно најдобриот квартет во лигата.
Доаѓањето на Дурент во Голден Стејт значи дека тимот ќе го напушти Херисон Барнс на кого Далас му понуди 95 милиони долари за четири сезони.
Дурент во текот накариерата има просечни 27,4 поени, седум скокови и 3,7 асистенции по натпревар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга