-->
-->
Наврнаа 81 литри дожд – Се очекува ново невреме
-->

Утрово врнежливо и тмурно, од УХМР информираат дека ваквото време ќе се задржи во текот на целиот ден. Најстудено утринава е во Маврово и тоа 5 степени, 6 во Лазарополе, 9 во Пожаране, 10 во Крушево и Дебар, Тополчани, Претор, Ѓуриште, 11 во Охрид, Берово, 12 во Скопје, Крива Паланка, Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Виница, 14 во Штип, Струмица Дебар, 15 во Гевгелија, Дојран и 16 Демир Капија.
Во текот на изминатиот ден во Маврово наврнаа 81 литри на метар квадратен, 61 Пожаране, 59 Лазарополе, 54 Тетово, 48 Дебар, 40 Скопје-З.Рид, 38 Куманово, 32 Берово, 28 Битола, 26 Кр. Паланка, Крушево, 23 Охрид, 21 Струмица, 18 Тополчани, 16 Дојран, 14 Скопје-Петровец, 12 Гевгелија и Претор, 11 Штип, Виница, Прилеп, Ѓуриште, 9 Демир Капија.
Денеска не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава. Температурата ќе биде во интервал од 13 до 18° С.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд со Променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од претежно од јужен правец. Температурата до 16° С.
Во четврток врмнежите ќе бидат со слаб интензитет, а наповисоките планини во северзападниот дел од земјава ќе поминуваат во снег.
Променливо облачно со повремени локални вррнежи врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Застрашувачки бројки за вистинските загуби во војната меѓу Русија и Украина
-
Голема полициска акција во Липково, Куманово и Желино
-
За влез и излез од државава се чека до 30 минути на граничните премини
-
Странски експерти ќе утврдуваат дали се правеле непотребни кардиолошки операции во приватните болници
-
Муцунски во Брисел на средби со Марта Кос и Јан Копман
-
Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху
-
ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола, вкупно 24 изгаснати пожари
-
Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје