НАТО го поддржува процесот на безбедносен ветинг за официјални лица
Портпаролката на НАТО Алијансата, Оана Лунгеску, за МИА порача дека од Македонија има поддршка за ветингот на официјални лица за безбедносни цели, јави дописничката на МИА од Брисел.
-НАТО силно ја поддржува посветеноста на Македонија за одржување на безбедносните стандарди на НАТО, вклучително кога станува збор за персоналот за безбедносни дозволи, изјави Лунгеску. Таа додаде дека стандардите на Алијансата бараат специфични критериуми за одредени позиции и функции.
-Националните власти се одговорни за воспоставување на сопствените процедури во однос на безбедносните дозволи, додаде портпаролката на НАТО. За дополнителни детали околу процедурите одговорите треба да ги дадат македонските власти, велат од Алијансата.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, во Брисел. На средбата станало збор за низа теми како помошта во борбата против пандемијата, нова медицинска помош преку Фондот за Ковид-19 на Алијансата, како и за клучни безбедносни прашања.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра