Македонија
26. јуни 2024 - 11:04

Штипјанец и гевгеличанка лишени од слобода поради дрога

Штипјанец и гевгеличанка вчера биле приведени од штипски полициски службеници, откако во домот на 29-годишниот М.А. во Штип, била пронајдена дрога.

МВР информира дека вчера, во 10.50 часот во Штип, полициски службеници ги лишиле од слобода М.А.(29) од Штип и Ќ.А.(27) од Гевгелија.

- При извршен претрес со наредба од Основен суд Штип  во домот во Штип каде престојувал М.А. и каде била затекната Ќ.А., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела грутчеста материја и мобилен телефон, информираат од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.