Наставничка имала секс афера со малолетник: Родила дете, сопругот знаел, а шокот следуваше кога полицијата го најде нејзиниот компјутер
Во Италија е уапсена жена за која се сомневаат дека има дете старо 7 месеци чиј татко е дете на возраст од 13 години.
Наводно, детето имало само 13 години кога жената почнала да спие со него, а сега има 14 години. Под истрага е и сопругот на жената кој знаел дека детето не е негово, но го признал.
Двојката има и постар син од 11 години, но истражителите се сомневаат па истражуваат дали тоа дете е на сопругот или пак жената го родила по некоја афера со некој значително помлад. Властите случајот почнаа да го истражуваат на почетокот на март. Кориере дела Сера пишува дека им се обратила мајката на детето. Рекла дека семејната пријателка на детето му давала часови по англиски.
-Мојот син стана нервозен, се помалку јадеше, лошо учеше. Го прашував што не е во ред. Ми рече дека е виновна таа жена, која сака да го задржи за себе. Ми рече дека не сака повеќе да оди кај неа и дека детето што го родила не е од сопругот туку негово, рекла мајката на детето.
Осомничената е во куќен притвор од вторникот. На нејзиниот компјутер е пронајдена детска порнографија.
Обвинителот Џузепе Николоси рече дека жената на детето му праќала пораки. Му се заканувала дека ќе се убие ако детето ја прекине врската со неа.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии