Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое се транспортирало во транспортно возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител. Месото било спакувано во 180 палети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување.

Во запленетото возило небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 степени Целзиусови) и без никаква документација за потеклото - ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот.


Ново на Сител
-

Мицкоски: Вреди ќе има ист број места во Владата, во понеделник предлог за пополнување на празните места
-

Филипче: Владата ја кочи државата
-

Муцунски: Бараме долгорочна стратегија од НАТО и ЕУ за целосна интеграција на Западен Балкан
-

Ќе поскапи ли струјата?
-

Цената на јајцата и натаму ќе расте, најавуваат производителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа недела ќе бидат познати имињата на министрите
-

Владата ќе носи Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025-2030
