Наплатниот пункт на ЕВН во Струга на нова локација
Наплатниот пункт на ЕВН Македонија во Струга од денеска е на нова локација. Како што информираат од компанијата, новиот наплатен пункт, кој се наоѓа на улицата „Кеј 8 Ноември“ б.б. влез 2, е направен согласно ЕВН стандардите, со целосно подобрена организација за опслужување на поголем број корисници истовремено.
- За сите корисници на струшкиот реон кои најчесто се одлучуваат својата обврска кон ЕВН да ја подмират директно во шалтерите или, пак, не се откажуваат од навиката сметките да ги плаќаат директно на шалтер, новиот наплатен пункт има повеќе капацитет, соопшти ЕВН Македонија.
Од ЕВН Македонија потенцираат дека во последните години имаат развиено голем број услуги како граѓаните на брз и ефикасен начин да ги плаќаат фактурите за електрична енергија, и тоа во банките и поштите, или преку користење на современите начини на плаќање на сметките на интернет, без туркање на шалтерите
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима