Нападнати полицајаци во Гостивар

Нападнати се полициски службеници вчера во Гостивар додека извршувале службени обврски, соопшти СВР Тетово.
Едниот напад е регистриран околу 11:30 часот на улицата „Браќа Ѓиновски“, а другиот околу 19 часот на крстосницата меѓу улиците „Браќа Ѓиновски“ и „ЈНА“. Насилниците се Ј.И, (21) и К.М. (23), двајцата од Гостивар. Тие се веќе приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Двајца полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи, се физички нападнати од 21-годишниот гостиварец Ј.И, познат сторител на кривични дела. Ј.И. најпрво се нафрлил на едниот, а потоа и на другиот полициски службеник, по што е приведен во Полициската станица Гостивар. Потоа, околу 19 часот, и К.М. кој претходно бил сопрен додека управувал патничко возило „БМВ“ со странски регистерски таблици, го нападнал дежурниот полицаец, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
К.М. одбил да покаже документи и дал активен отпор, при што на полицискиот службеник му нанел видливи повреди, кинејќи му ја униформата. Набрзо е лишен од слобода, задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува поднесок.
Од почетокот на годинава во полошкиот регион се регистрирани четири вакви напади, два во Тетово и два во Гостивар. Имало и 16 случаи на навредување и омаловажување полициски службеници, седум во Тетово и девет во Гостивар, а сторителите се соочиле со прекршочни пријави.
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
