Намалете го високиот крвен притисок со само едно лажиче
Доколку ве мачи крвниот притисок, дефинитивно мора да ги промените навиките во исхраната и пред се да го намалите внесувањето на сол и маснотии и да го зголемите внесувањето на вода во организмот. Но, освен тоа, во борбата против овој „тивок убиец” ќе ви помогне и уште еден, мирислив зачин.
Неколку истражувања потврдија дека систолниот (горен) и дијастолниот (долен) крвен притисок, можат да бидат намалени со помош на познатиот зачин – цимет.
Доколку додадете два грама (или половина мала лажичка) цимет во вашата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок.
„Топло го препорачувам вклучувањето на цимет во исхраната, но немојте да мислите дека само со тоа ќе успеете да го намалите крвниот притисок. Храната во целина треба да се прилагоди на здравствената состојба. Вожбите се исто така неопходни, бидејќи нив сигурно ниту еден зачин нема да може да ги замени”, пишува авторот на книгата „The SooperfoodsRr Diet”, Венди Бразилијан.
Освен во десертите, циметот лесно можете да го додадете во појадокот па со него да го посипете кафето или јогуртот со житарки.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Марковски кандидат за градоначалник на Град Скопје
-
Успение на Пресвета Богородица - стотици верници со собраа во манастирот кај Матка
-
Мицкоски: Растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на владата на СДСМ
-
Стружани бараат возобновување на црквата
-
Мицкоски: Опозицијата ќе биде поразена, од ДУИ велат, тој испраќа пораки за затоплување на односите
-
Во земјата се потребни повеќе центри за менаџирање на дебелината
-
Сејф сити - Систем активен во Словенија, наскоро и во Македонија
-
Преглед на вестите од светот