Намален бројот на патници во патниот, зголемен во авиопревозот

Во четвртиот квартал од 2016 година во однос на истиот период од 2015 година во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е намален за 5,2 отсто, во градско-приградскиот превоз за 8,4 отсто, во железничкиот превоз за 54 отсто, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 9,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Во однос на третото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во градско-приградскиот превоз е зголемен за 28,3 отсто, во патничкиот превоз е намален за 1,7 отсто, во железничкиот превоз за 1,8 отсто, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 28 отсто.
Од ДЗС информираат дека во четвртото тримесечје од 2016 година во споредба со истиот период од 2015 година количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 9,1 отсто, во железничкиот превоз е намалено за 2,1 отсто, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 7,8 отсто.
Во однос на третото тримесечје од 2016 година, како што соопштуваат од ДЗС, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 36,7 отсто, во воздухопловниот превоз за 14 отсто, додека во железничкиот превоз е зголемено за 5,6 отсто.
Ново на Сител
-

Трамп одликуван со највисокиот орден за заслуги во Јужна Кореја
-

Синер за неговите шанси да ја заврши годината како играч број еден во светот: Невозможно е
-

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Русопулос в понеделник ќе се обрати пред пратениците
-

ЈП Паркинзи на Општина Центар со нови информативни табли и можност за плаќање со QR-код
-

Кумановка измамена за 2.000 евра од вработен во туристичка агенција
-

Прегазено 11-годишно девојче во Скопје, возачот го напуштил местото на настанот
-

Израел му забранува на Црвениот крст пристап до палестинските затвореници
-

37-годишник од Виница нападнал полициски службеник
