Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка
До 17 часот попладнево најмногу дожд наврнал во Пожаране и Ѓуриште, 24 литри на метар квадратен, а најмалку, три литри на единица површина, во Берово. Најстудено е на Попова Шапка, во Маврови Анови и Лазарополе, еден степен целзиусов, додека максимални 12 степени се измерени во Струмица.
До 17:30 часот се измерени и 3 степени во Крушево, 7 во Скопје - Зајчев Рид, Прилеп, Тетово и Охрид, 8 во Берово, Крива Паланка, Битола, Штип, Велес и Кавадарци, 9 во Претор, Виница и Демир Капија, 10 во Скопје - Петровец, како и 11 степени во Гевгелија.
Изминатите 9 часа, до 17 часот попладнево наврнале 22 литра дожд на метар квадратен во Тетово и на Попова Шапка, 21 во Битола, 20 во Маврови Анови и Демир Капија, 18 во Гевгелија, 15 во Крушево, 14 во Велес, 12 во Претор и Штип, 10 во Лазарополе, 9 во Скопје – Зајчев рид и Крива Паланка, 8 во Охрид, 6 во Скопје – Петровец и Прилеп, како и 5 литри на метар квадратен во Струмица.
Според УХМР, до крајот на денот се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а на планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
МИА
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз