Најмалку шестмина полицајци се ранети во експлозија на автомобил бомба во Каиро
Најмалку шестмина египетски полицајци се ранети во текот на изминатата ноќ во експлозија на автомобил бомба пред нивна станица во Каиро, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на соопштение на Министерството за внатрешни работи.
Цел на атентатот била зградата на Државната безбедност во северен кварт на престолнината, во која била сместена една од египетските полициски служби. Зградата е делумно разурната, пренесува БТА.
„Непознато лице одеднаш го запре автомобилот пред зградата, излезе од него и се качи на моторцикл, по што избега, а автомобилот експлодира“, пишува во коминикето на министерството.
До овој момент никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Групата „Провинција Синај“ (претходно Ансар Беит ал Макдис), египетска ќелија на Исламска држава, редовно си ги припишува заслугите за нападите врз полицајците и војниците, особено по соборувањето од власта во 2013 година на претседателот исламист Мохамед Морси и крвавите репресии што следеа врз неговите приврзаници.
Ново на Сител
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините
-
Шест нови сензори ќе го мерат загадувањето во Струмица
-
Црвен Крст Охрид почна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода
-
Голем дефект на прилепскиот хидросистем го остави полето без вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Вајц е победа за македонската дипломатија