Најмалку шест луѓе загинаа при потонување на туристичка подморница во близина на Хургада
Најмалку шест лица загинаа, а деветмина се повредени при потонување на туристичка подморница во близина на египетското одморалиште Хургада на Црвено Море, објави египетскиот весник „Ал Ахрам“.
Во подморницата имало 45 руски државјани, а 29 лица се спасени.
Подморницата Синдбад со години превезувала туристи да го истражуваат подводниот свет на Црвено Море, а според веб-страницата на компанијата што управува со неа, таа е една од само 14-те туристички подморници во светот. Подморницата имала капацитет за 44 патници и се спуштала на длабочина од 25 метри, нудејќи поглед на околу 500 метри корален гребен.
На крајот на ноември туристичкиот брод потона во Црвено Море во близина на одморалиштето Марса Алам, при што 11 луѓе загинаа, а 35 се спасени.
На почетокот од февруари туристички брод потона во близина на Џабал ал Зајт, северно од Хургада. Сите луѓе на бродот беа спасени.
Туризмот е клучен извор на девизи за Египет, а руските туристи се меѓу најбројните посетители.
Ново на Сител
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
-
Тепачка за имот во с.Кадино, се пресметале 83-годишник и 65-годишна жена
-
Исчезнатиот Миле забележан на Серта: Исцрпен и ослабнат, побегнал во шумата кога му се обратиле!
-
Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци
-
Димитриеска Кочоска: Досега од буџетот се обезбедени 30 милиони денари за настраданите во Кочани, а исплатени се 11,2 милиони
-
Славески: Ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат забелешки ќе ги убедам дека Народна банка била и ќе остане неазависна
-
Кривична против 2 лица од Скопје, пронашле платежна картичка и ја искористиле 30 пати
-
38-годишник пронајден починат во семејна куќа во Гевгелија