Преглед на вестите од светот
Американскиот суд за меѓународна трговија ги прогласи за невежачки реципрочните царини што претседателот Доналд Трамп ги објави на 2 април, оценувајки дека тој ги надминал своите уставни овластувања.
-Претседателот ги надмина своите овластувања со воведување царини за увоз од земји кои извезуваат повеќе во САД отколку што увезуваат, царините за кои станува збор ќе бидат укинати, а нивната примена трајно ќе се забрани. Овластувањето за регулирање на трговијата на САД со други земји е во рацете на Конгресот се вели во одлуката на судот со седиште во Њујорк.
Одлуката не ги опфаќа постоечките давачки од 25 проценти на автомобили, челик и алуминиум. Белата куќа поднесе жалба на пресудата. Останува нејасно дали администрацијата ќе ја паузира наплатата на царините додека трае жалбената постапка. Судот ѝ даде на администрацијата рок од 10 дена да апочне со укинување на царините преку формални процедури.
Украинските власти побара од Русија да им го испарти својот мировен план за завршување на војната во Украина, наместо да чека нова рунда разговори следната недела во Истанбул. Москва не ги прифаќа барањата на Киев.
„Нашата делегација, предводена од Владимир Медински, е подготвена да презентира меморандум на украинската делегација и да ги даде потребните објаснувања за време на втората рунда директни разговори во Истанбул во понеделник, 2 јуни“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Инаку Киев својот мировен план веке го испратил на Русија.
Илон Маск објави дека неговата мисија во администрацијата на Доналд Трамп е завршена. Раководејки со одделот за Владина ефикасност Маск спровеведе илјадници отпуштања на федерални работници, реконструкраше министерства и затвори неколку федерални агенции. Маск имаше статус на специјален владинин службеник чиј мандат е ограничен на 130 дена и требаше да истече на 30 мај.
-Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X. Белата куќа соопшти дека напорите на Одделот за Владина ефикансност за преструктуирање и намалување на федералната влада ќе продолжат. Маск пак истакна дека ќе го сврти своетот внимание назад кон управувањето на неговите компании Тесла и Спејс Икс.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар