Преглед на вестите од светот
Американскиот Федерален суд за меѓународна трговија донесе пресуда со која се става под знак прашалник еден од темелите на економската стратегија на Доналд Трамп – воведувањето широки царини.
Судот со седиште во Менхетен утврди дека претседателот нема законска основа, според актуелниот Закон за вонредни состојби, да наметнува сеопфатни царини врз скоро сите држави. Врз основа на ова, одлуката ги поништува царинските мерки што беа повторно активирани по враќањето на Трамп во Белата куќа, вклучувајќи ги и оние насочени кон Кина, Мексико и Канада. Владата тврдеше дека тие се неопходни како одговор на зголеменото количество дрога и нелегална миграција.
Иако најголем дел од тарифите веќе беа ставени во мирување, судот наложи рок од 10 дена за финализирање на административната процедура за нивно целосно укинување.
Белата куќа остро реагираше, најавувајќи жалба на пресудата. Портпаролот Куш Десаи оцени дека судот ја надминал својата улога, истакнувајќи: „Неизбрани судии не треба да ја кројат политиката за справување со национални вонредни ситуации.
Милијардерот Илон Маск соопшти дека ја напушта својата позиција во американската влада откако го водеше таканаречениот Оддел за владина ефикасност во контроверзен обид за намалување на федералните трошоци.
– Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење – напиша тој на X.
Американските прописи налагаат дека таквите вработени се ограничени на 130 дена вработување, што значеше дека Маск ќе мора да ја напушти својата позиција до крајот на мај.
Продолжуваат руските напади врз Украина. Едно лице загина, а една жена е повредена во градот Билопилија во североисточниот украински регион Суми, во близина на руската граница. Уништени се и станбени згради и друга инфраструктура, соопштија властите на Телеграм.
Во меѓувреме Русија предложи втората рунда нмировни преговори со Укриана да се одржи на 2 јуни во Истанбул. краина се уште не одговорила на оваа покана од Русија.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар