Најмалку 64 лица загинаа во разурнувачкиот земјотрес во Јапонија
Најмалку 64 лица загинаа во разорниот земјотрес што ја погоди Јапонија на 1 јануари, а урнатините и оштетените патишта се уште ги спречуваат спасувачките служби да спроведат операции за пребарување и спасување на преживеаните, јавуваат јапонските медиуми.
Поминаа два дена откако земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала предизвика голема штета на инфраструктурата и пожари во градот Ваџима, во префектурата Ишикава, на брегот на Јапонското Море, но целосниот размер на оваа катастрофа е се уште непознато.
Поради дождот кој, како што е најавено во подрачјата погодени од земјотресот, ќе паѓа до четврток, јапонската метеоролошка агенција предупреди на потенцијални одрони.
Јапонската војска (СДФ) користеше хеликоптери за доставување на основните материјали до отсечените области, а локалните власти побараа од централната влада да испрати дополнителен воен персонал за да помогне во спасувачките напори.
Премиерот Фумио Кишида на денешната прес-конференција потврди дека Владата одлучила да го зголеми бројот на војници во регионот погоден од земјотресот од сегашните илјада на две илјади.
Кишида се состана со новинарите еден ден откако на аеродромот Ханеда во Токио се судрија авион на Џапан ерлајнс и авион на јапонската крајбрежна стража што превезуваше хуманитарна помош за Ваџима.
Епицентарот на разорниот земјотрес бил на околу 30 километри источно-североисточно од Ваџима на длабочина од 16 километри и регистрирал највисоко ниво од 7 единици на јапонската скала со сеизмички интензитет, наведуваат надлежните служби и потсетуваат дека ваков силен земјотрес бил последно снимен во 2018 година на Хокаидо.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата