Loading Video...
Свет
20. October 2024 - 16:39

Преглед на вестите од светот

Најмалку 87 лица загинаа во израелски воздушен напад во градот Беит Лахиа во северниот дел на Газа, соопштија властите на појасот, кои се управувани од Хамас. Биле погодени стабени згради. Израелската армија објави дека ги проверува сите околности, но посочи дека билансот на жртвите објавен од властите во Газа е претеран и дека не се совапаѓа со нејзините информации за употребеното прецизно оружје и опсегот на нападот насочен кон цели на Хамас.  

Синоќа, илјадници израелци излегоа на улиците на Тел Авив, барајќи од премиерот Нетанјаху да се договори со Хамас за ослободување на изрелските заложници кои се уште се држат во Газа.

- Мора да видиме конкретни докази дека тој (Нетанјаху) не е заинтересиран само за сопствената кожа и да видиме дека сака да ги  врати тие заложници, нема победа, нема победа без тие луѓе да дојдат дома вели демонстрант.

Во Либан, Израел исто така продолжува со воздушите напади врз како што рече цели на Хезболах во јужните предградија на Бејрут, при што на жителите во Харет, Хреик и Хадат им беше наредено да се евакуираат  утрово.

Хезболах лансирал над 70 ракети кон Северен Израел, некои ракети биле соборени, а неколку паднале на отворен простор, предизвикувајќи пожар, според израелската војска.

Во Молдавија се оддржуваат претседателски избори и референдум за членство во ЕУ. Според анкетите, прозападната актуелна претседателка Маја Санду води меѓу нејзините 10 ривали на гласачакото ливче. Главен противкандит на Санду е Александар Стоианголо, поранешен обвинител поддржан проруската партија на социјалистите .  

 „Гласав за европска земја, за подобар живот, за подобра иднина на нашите деца.

Би сакале Маја Санду повеќе да не владее со нашата татковина.

Не сакаме да се делиме на проевропејци и проруси. Сакаме да живееме во хармонија како што живеевме порано''.

Референдумот поставува прашање дали да се вметне клаузула во уставот што го дефинира пристапувањето на Република Молдавија во ЕУ како стратешка цел. Се гласа со ЗА или НЕ. Според анкетите 65 отсто од Молдавците го поддржуваат пристапувањето во ЕУ.

Рефендумот го предложи актуелната претседателка Санду. 

- Нашиот глас на референдумот ќе ја одреди нашата судбина за многу децении, порача Маја САнду, актуелна претседателка на Молдавија. 

Пет од ривалите на Санду  на своите поддржувачи им порачаа да гласаат НЕ или да го бојкотираат рефендумот, велејки им дека тајмингот на рефендумот е измама за да се зајакне изборниот упех на Санду. 

- Не учествував на референдумот. Не го поддржувам ставот на актуелната влада, која излезе со идеја што не е поврзана со самата Европска Унија. Ова е референдум за промена на уставот. Но, во исто време јас  сум поддржувач на европските аспирации на Молдавија, изјави Александар Стојанголо, главен претседателки кандидат на опозицијата. 

Од распадот на Советскиот сојуз, Молдавија се менуваше меѓу прозападна и проруска ориетација. Откако Санду стана претседателка презеде повеке мерки за оддалечување на Молдавија од Русија.

Украина утрово лансирала бројни беспилотни летала кон Моксва. Дроновите се престренати и уништени, а целеле воена фабрика соопшти руското министесртвото за одбрана. Од таму додаваат дека синока уништиле 110 украински бисполните летала над седум региони.

Остатоци од дрон предизвикале мали пожари во Липецка област. Украинските власти не ги коментираа пријавените напади со беспилотни летала. Киев често вели дека неговите воздушни напади се насочени кон инфраструктурата критична за руските воени напори и се одговор на континуираните воздушни напади на Москва против Украина.