Најмалку 13 загинати при напади во шиитски населби во Багдад

Најмалку 13 лица загинаа денеска, а 37 други се ранети при два одвоени напади во ирачкиот главен град Багдад, соопштија медицинските извори.
Како што јави ДПА, двата напада биле извршени во багдадски населби каде претежно живеат шиити.
Според очевидци, еден автомобил-бомба експлодирал во близина на трговски центар во населбата Ал Шаб во северниот дел на Багдад. При експлозијата загинале 11 лица, а 25 се ранети.
Во вториот напад, што се случил во Садр Сити во источниот дел на Багдад, бомбаш-самоубиец усмртил две лица, а ранил 12 други.
Досега никој не ја презеде одговорност за нападите. За некои претходни слични вакви напади во Ирак, што се случија изминативе недели, одговорност презеде сунитската џихадистичка група Исламска држава (ИД), која шиитите ги смета за „еретици“.
Ново на Сител
-

Гаши ги распиша повторените избори за 4 општини за 11 јануари
-

Забраната за фрлање смет по 22 часот стапува на сила
-

Ако нема договор на ЕСС, минималната плата ќе порасне за 1.600 денари
-

Почна пријавувањето за ваучери за електронски уреди, но падна страната каде што студентите треба да аплицираат
-

Утре започнува предвремениот откуп на тутун, ќе се откупува од 10 откупувачи на 337 ваги низ Македонија
-

Брендот “Бекутан” на “Алкалоид” организираше конференција за родителство на светскиот ден на предвремено родените деца
-

Извештајот на ЕК пред собраниските комисии
-

Мицкоски: Јавноста ќе дознае многу детали – почнува судењето за „Пулс“
