Ако нема договор на ЕСС, минималната плата ќе порасне за 1.600 денари
Мерки против високите цени во маркетите, за сега владата не планира да донесе. Но, ако пред новогодишно трговците ги вивнат, не се исклучува и ваквата можност. Во моментов – цените се стабилизирани, вели заменик министерот за економија, а оние кои не го почитуваат законот- плаќаат казни. До сега Државниот Пазарен инспекторат од 20 илјади контроли, изрекол глоби вредни 2,5 милиони евра.
За непочитување пак, на законот за нефер трговски практики, 30 налози чекаат Управниот суд да ја изрече висината на казната.
-Колкава ќе биде висината на глобите изречени за непочитување на овој Закон, треба да очекуваме наскоро да има конечни решенија од Управниот суд. Инаку, во овој период имаме многу повеќе пријави од страна на добавувачите кои многу повеќе се охрабрени, отколку на почетокот кога почна примената на Законот. Очекувам дека во иднина ќе има уште повеќе вакви храбри добавувачи кои се уценети од некои од трговците, Една од главните работни кои ги увидовме е промена – односно зголемување на глобата повеќекратно, затоа што сегашнате од 20.000 евра е многу ниска и можат да си ја дозволат големите маркети, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија.
На крајот од месецот на економско социјалниот Совет ќе се утврдува дали има основ за зголемување на минималната плата. Од власта повторно оставаат – работодавачите и работниците да се договорат, а тие ќе прифатат. Но од бизинисот велат - не може само да се пристиска за повисоки плати, без да се зголеми продуктивноста на работниците
-Мора да се постигне баланс, не може само да се збори платата, платата, без да се подигне продуктивноста не може компаниите да си го загрозат нивното опстојување, вели Горан Георѓиевски, претседател на Сојуз на Стопански Комори.
Барањето на Синдикатот е минимална плата од 500 евра.и о ако не се постигне договор , со законското зголемување во март,истата би пораснала за околу 1. 600 денари.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
