Најладно утрово во Тетово, Маврово и Лазароополе, најтопло во Гевгелија
Најладно со измерени нула степени утрово е во Тетово, Маврово и Лазарополе. Еден степен е во Крушево, два во Скопје, три во Претор, Пожаране, Куманово, Пожар, Тополчани, четири во Ѓуриште и Берово, пет во Охрид, Прилеп, Крива Паланка, Дебар, Струмица, Кавадарци, шест во Битола, Виница, Штип, седум во Дојран и осум во Гевгелија.
Висината на снежната покривка до изутрина, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи е еден сантиметар во Лазарополе, два во Маврово, пет во Пожаране, Тетово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд а на планините со локален снег. Претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, а по одделни котлини особено предпладне че има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер, a во јужниот дел од земјава повремено ќе се засилува.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат
-
И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ
-
Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
-
Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
-
Најавените врнежи добредојдени за земјоделството
-
Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија шампионската титула
-
Гостивар се повлекува од ПМФЛ