Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници

Во вториот круг од локалните избори, кој се одржа на 2 ноември во 33 општини, се евидентирани вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња на изборите за градоначалници, што претставува околу 5,6 отсто од сите употребени ливчиња.
Според податоците, од вкупно 345.525 гласачи кои излегоа на гласање, 19.287 гласачки ливчиња се евидентирани како неважечки.
Во Град Скопје, од 167.575 гласачи, 10.528 ливчиња биле неважечки, што претставува 6,3 отсто од вкупниот број. Тоа значи дека речиси секое шеснаесетто ливче во Скопје било неважечко.
Излезноста во Скопје во вториот круг изнесуваше 35,33 проценти, додека на национално ниво таа беше 47,16 проценти.
Во првиот круг од изборите за градоначалници, одржан на 19 октомври, од 885.085 гласачи, 53.724 ливчиња беа неважечки, што е околу 6,1 отсто. Излезноста во тој круг изнесуваше 48,30 проценти.
За изборот на градоначалник на Град Скопје во првиот круг, од 232.581 гласачи, беа евидентирани 12.359 неважечки ливчиња, а излезноста изнесуваше 49,04 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
-

Се поскапо седнувањето во ресторани
