На тинејџерка од желудник и извадиле метар ипол сноп коса
Хирурзите во Индија отстранија метар ипол долг сноп влакна од желудникот на една тинејџерка која била толку болна што не можела ниту капка вода да се напие.
Кавита Кумари (15) голтала влакна во изминатите година дена. Нејзината зависност на почетокот не била толку драматична додека ја јадела сопствената кода, но потоа почнала насекаде да бара влакна и да ги јаде. Дури и на врсничките им кубела коса од главата и ја јадела.
Во меѓувреме стигнала до болницата во Утар Прадеш и лекарите во нејзиниот желеудник откриле цврста маса долга 1,5 метар. Освен тоа имала и лезии во желудникот и во тенкото црево.
Лекарот изјави дека не очекувал дека снопот влакна ќе биде толку долг и првпат во својата долгогодишна кариера се соочил со вакво нешто.
Откриено е дека Кавита има Рапузел синдром кој е од психолошка природа поради тоа имала потреба да јаде влакна.
Откако и ги извадиле влакната од желудникот, Кавита се опоравува во болница и наскоро ќе може повторно да јаде.
-Беше толку слаба што мислевме дека нема да преживее уште еден ден. Не знаевме дека јаде коса, иако во неколку наврати и мене ми искуба неколку вакна, но мислевме дека се работи за шега. Кога престана правилно да јаде и почна да се жали на болки во стомакот сериозно се загриживме. Им благодарам на лекарите што и го спасија животот, изјави нејзината мајка.
Ново на Сител
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители