На Табановце за влез се чека еден час, а на Богородица за излез 40 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 60 минути, а на Богородица за излез се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга