-->
-->
На секои 3 минути МВР пишува по една казна за неносење маски
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден констатирало 475 прекршоци за неносење на заштитна маска што значи дека полицајците пишувале по една казна на секои 3 минути. Министерот Чулев на социјалните мрежи соопшти дека до сега, напишани се вкупно 5763 казни по овој основ.
Според информациите кои ги објави Чуле само вчера се извршени 694 контроли во објекти при што е констатирано дека 5 од нив не ги почитувале одлуките на Владата.
Во последните 24 часа, 684 лица се пратени во изолација. 392 од нив добиле решение за изолација а 150 лица потпишале дека ќе се самоизолираат, додека 142 лица биле испратени во државен карантин. Контролите на МВР вчера не евидентирале лица кои не ги почитуваат мерките за изолација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Основниот суд Куманово одложено рочиштето за случајот Вангелица Илијевска
-

Анализа на американското разузнавање: Путин е порешителен од кога било досега
-

Захарова: Европа се движи кон самоуништување
-

При претрес во струмичко пронајдена марихуана
-

Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол
-

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини
-

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар
-

Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка
